November 24, 2020 02:12
Македонија

Мицкоски: Секој кој зема државна плата треба да биде слуга на граѓаните, а не да зема плата и да седи дома

Во вечерашната емисија „Што мисли народот‘‘ на ТВ Стар гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каде што истакна дека во однос на вработените по Рамковен секој оној кој зема државна плата треба да биде слуга на граѓаните, а не да зема плата и седи дома.

„Секој денеска што добива пари и плата од граѓаните мора да оди и да дава некаква услуга и да работи и да биде сервис на граѓаните. Никој не може да седи дома и да прима за тоа плата, без разлика на етничката припадност. Исто како што не можам ниту јас ниту вие, ниту пак било кој друг. Мора секој кој што е платен од граѓаните да работи за граѓаните, и да биде слуга на граѓаните. Тој што не сака да биде слуга на граѓаните, чесно е да даде отказ, и да се занимава со друга професија‘‘ истакна Мицкоски

Мицкоски додаде и дека секој оној кој што денеска не е слуга на граѓаните, а добива плата од граѓаните треба да ја напушти таа функција.

„Не знаеме што попрво да коментираме. Секој ден имаме се повеќе и повеќе фаули, јас не знам што повеќе да коментираме. Некако како на кондиција да не фаќаат, колку повеќе глупости прават, толку помалку имаме терен за коментирање. Затоа што било која нивна грешка да ја коментираме излегува нова грешка. Дали магариња да коментираме, дали да коментираме сирења, дали да коментираме евро за евро, дали Луј Витон чанти, дали да коментираме други работи.“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека граѓаните веќе не знаат што попрво да коментираат од скандалите на власта кои ги прави секој ден се повеќе и повеќе.