February 3, 2023 13:48
Македонија

Мицкоски: Секој ден во ноември власта купува струја за 1 милион евра, незнаењето и корупцијата продолжуваат и во декември за 4 дена купуваат струја за 8 милиони евра

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ

„За 23 дена во Ноември АД ЕСМ (поранешно АД ЕЛЕМ) потрошило околу 23.000.000€ за увоз на струја. Дневно се трошеле по 1.000.000€ само за увоз на струја.

Да ги видиме фактите!

1. За периодот од 7ми до 13ти Ноември увезени се вкупно 16.800MWh струја по вкупна цена од 3.614.440€.
2. За периодот од 14ти до 20ти Ноември увезени се вкупно 21.770MWh струја по вкупна цена од 5.414.528€.
3. За ден 18ти Ноември увезени се вкупно 3.600MWh струја по вкупна цена од 904.075€.
4. За периодот од 21ви до 27ми Ноември увезени се вкупно 32.060MWh струја по вкупна цена од 8.009.093€.
5. За периодот од 28ми до 30ти Ноември увезени се вкупно 13.740MWh струја по вкупна цена од 4.918.933€.

За само 23 дена во Ноември увезени се 87.970MWh струја за вкупна цена од 22.861.069€ или просечно секој MWh увезена струја граѓаните на Македонија го плаќале околу 260€.
Незнаењето и корупцијата продолжуваат и во првите 4 дена во Декември. За периодот од 1ви до 4ти Декември АД ЕСМ ќе увезе нови 23.240MWh струја и истите ќе ги плати АВАНСНО (слика 1)!. Оваа набавка, граѓаните ќе ги чини за само 4 дена околу 8.000.000€ или просечно нови 2.000.000€ дневно.

Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!