September 18, 2020 13:37
Македонија

Мицкоски: Работи кои нема да ги прочитате во медиумите под контрола на власта во Извештајот на Стејт департмент: главен проблем корупцијата и лошата економија

Пред два дена сосема штуро беше објавена на дел од медиумите информација за извештај за Македонија напишан од американскиот Стејт департмент. Дел од медиумите блиски до власта дури најдоа поблаги форми со кои се дефинираат состојбите, а со кои сакаа да ја потврдат розевата слика која ја гради власта, која пак е сосема спротивна од тешкиот живот на секој граѓанин.

 

Со други зборови, тие неколку одработија за власта на Заев, лажно прикажувајќи розеви агли, кои доколку дословно се прочита извештајот ќе се забележи дека државава тоне во проблеми и корупција. Се разбира, имаше и помалку кои кажаа дел од вистината. Она што на истите тие медиуми задолжени за розева слика нема да можете да прочитате е тоа што американскиот Стејт департмент укажува на, цитирам “бизнисите отпуштаа вработени”, “државата назадува 31 место на Дуинг бизнис”, “корупцијата останува проблем”, “спроведувањето на законите за борба против корупцијата е слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори, “многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството”, стои во извештајот на Стејт департментот.

 

Во продолжение дословно забелешките за Заев и неговата власт:

 

-Социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на државата и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Додека се ажурираше извештајот за оваа година, бизнисите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година и понатаму.

 

-Извештајот за деловно работење (Doing business) на Светска банка во 2020 година ја стави државата на 78-то место во светот за започнување бизнис, за 31 место подоле од 2019 година.

 

-Бизнисмените се жалат дека долгите и скапи трговски спорови преку судскиот систем создаваат правна несигурност. Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик, посочувајќи ја несоодветната извршна контрола врз судството и лошото финансирање на административните судови како големи пречки.

 

Деловната заедница често се жали дека Државниот завод за индустриска сопственост не регистрира патенти или не презема мерки за спроведување патенти навремено.

 

Додека државата има воспоставено многу закони за заштита на интелектуалната сопственост, прекршувањето е чест пример и судскиот систем треба да се подобри. Владата користеше нелиценцирани софтверски производи на „Мајкрософт“ и, на почетокот на 2018 година, владата започна разговори за решавање на проблемот. Од март 2020 година, владата продолжи да користи нелиценциран софтвер низ нејзините институции.

 

Во минатото, владата не успеа целосно да ги спроведе законите поврзани со работничките права, заштитата на потрошувачите, заштитата на животната средина и другите закони и регулативи наменети за заштита на поединците од неповолни деловни влијанија.

 

Спроведувањето на законите за борба против корупцијата се слаби и селективно насочени кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори.

 

Специјалното обвинителство (СЈО) е основано во 2015 година за да ги испита случаите поврзани со скандалот со прислушувањето, кој откри голема злоупотреба на службената положба од јавни службеници, вклучително и наводна корупција при јавни тендери. Откако Главниот специјален обвинител беше обвинет за корупциски скандал во ноември 2019 година, сите случаи беа пренесени во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство.

 

Транспаренси Интернешнл ја рангираше држават на 106-то место од вкупно 180 земји на Индексот за перцепција на корупцијата во 2019 година, што претставува пад од 13 места, по скандалот со корупцијата во СЈО.

 

Многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството, стои во извештајот на Стејт департментот.