January 18, 2021 09:09
Македонија

Мицкоски, преговори со Бугарија течат веќе два месеца, наместо да шириш лажни вести, да одговориш, за чии структури работиш и за какви цели?

Христијан Мицкоски да не се прави паднат од Марс, преговори со Бугарија течат веќе над два месеца.
Наместо да се крие зад партиски соопштенија, да организира таканаречени протести преку кои си ја спасува фотелјата, Мицкоски да излезе и да каже:  со кого соработува во Бугарија и за какви цели?
Почна со лаги дека претседателот Заев ќе одел во Софија да ја парчи Македонија викендов, а ниту Заев беше во Софија, ниту Македонија е распарчена.
Мицкоски е изгорен од желба Македонија да не успее, ама тоа задоволство СДСМ и македонскиот народ нема да му дадат на самопрогласениот хистеричен политичар.
Мицкоски е целосно разобличен! Целта со оваа срамна лага, невистина беше да и се наштети на државата, но повторно не успеа, повторно е поразен, изолиран во сопствената  хистерија и очај.