Македонија

Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ индустријата и недостасува поддршка од владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со претставници кои се дел од МАСИТ Комората ги истакна успесите кои оваа индустрија ги бележи дури и во услови на пандемија од Ковид-19.

-Обратот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади кои што се во моментот и сите овие бројки се споредено со минатата 2019 година во раст би рекол двоцифрен 10 и повеќе проценти. Она што исто така е импозантно и треба да се спомене е дека извозот практично од ИКТ индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот кои што го платиле овие компании, а кој што е резултат на профитот кои што го оствариле некаде околу 12 ипол милиони евра, значи сериозна бројка која што влегува во буџетот, истакна Мицкоски.

Според него, она кое што недостасува е соодветната клима и поддршката од страна на владата и исполнување на ветувањата кои што биле дадени за време на предвремените парламентарни избори во делот на даночната политика, во делот на работните односи.

-Потребно е да се стимулираат овие компании а ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме сериозна програма во делот на дигитализацијата која што практично беше и составен дел од нашата предизборна кампања.Она кое што го гледаме денеска од владата е се само не дигитализација, бидејќи често пати од нивна страна беше најавувано, ниту пак има некаков почеток по тоа прашање, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека општество кое што не е дигитализирано го става под знак прашалник и неговото постоење.

GoGoAnime gogoanime my hero academia: Hunter x Hunter (Dub) (https://gogoanime.be/m/8Z0O) Episode 148

AnimeHeaven dragon ball super anime heaven: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 5 (https://animeheaven.pro/m/4oVW/ep-5)