November 27, 2020 17:59
Македонија

Мицкоски: Поради пандемијата и високото ниво на загаденост, хронично болните да се ослободат од работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук побара хронично болните да бидат ослободени од работа.

-Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања.Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест. Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!, порача Мицкоски.