Македонија

Мицкоски обвинува дека заемот од ММФ е за финансирање на Коридорот 8, најави и нова афера со УЈП

Проектот од 900 милиони евра е епски криминал на ДУИ и власта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ на Телма.  Тој избегна да го именува пратеникот на ДУИ, кој ја купил градежната компанија, која исто така одби да ја именува, а која што ќе учествува во изградбата на Коридор 8.

-Јас појаснив и претходно дека проектот Коридорот 8 или како го викаат не знам од 900 милиони евра кој извесно време се рекламира, тука имаме промена на сопственичкиот удел на една градежна компанија и јас оставам на вас вие како медиум да истражите дали таа компанија ја купи пратеник на ДУИ. Рамката која што ја бараат тие од ММФ е 900 милиони евра. Сега слушам тука имаат некои проблеми, турбуленции со каматната стапка, очекуваа да биде ниска, претходно не добија пари од еврообврзница па сега се свртеа кон ММФ, рече Мицкоски.

Тој ги повика ДКСК и другите надлежни институции да отворат предмет по допрен глас.

Инаку Антикорупциска комисија слуша што зборуваме па може како индиција да го искористи тоа, допрен глас и уште утре може да почне постапка како што може да постапува за многу други предмети каде што немало потреба да постапува. Еве како што кажав ова е обид за епски криминал, а можат и сите други институции да постапат, ние стоиме на располагање за сите затоа што за нас правдата и борбата со корупција и криминалот е неприкосновена, рече Мицкоски.

Тој исто така обвини и дека за дури 12 проценти се намалени државните резерви, спомнувајќи сума од 400 милиони евра. Запрашан дали знае каде се тие пари, Мицкоски децидно посочи дека тој одговор треба да се бара од Народната банка.

Тој исто така најави избивање на уште една афера, тешка 20 до 30 милиони евра, поврзана со поврат на ДДВ за компании.

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

anime stream Bleach (Dub)

anime website Spare Me, Great Lord!

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2

gogoanime in GoGoAnime Redo of Healer

watch animes GoGoAnime One Piece

tải go88