January 29, 2023 14:27
Македонија

Мицкоски на средба со чешкиот амбасадор Лудва

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Јарослав Лудва.

На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка, економска состојба, како и евроинтегративниот процес на земјава.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека власта многу тешко се справува со економската и енергетската криза, а сето тоа лошо влијае на животниот стандард на граѓаните.

Воедно, Мицкоски истакна дека покрај економската и политичка криза, владата ја турка државата и во нова политичка криза, нагласувајќи дека единствен излез од ваквата катастрофална состојба се одржување на предвремени парламентарни избори од кои бега Ковачевски и СДСМ, поради слабиот рејтинг, неработењето и немањето капацитет да обезбедат иднина за граѓаните.

Мицкоски го информираше Лудва дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека европските интеграции треба да бидат според Копенхашките критериуми, а  не според условување за историјата од страна на соседна Бугарија.

Мицкоски му се заблагодари на Лудва за досегашната соработка со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.