December 6, 2019 22:10
Македонија

Мицкоски на средба со Борисов: „Македонија се соочува со криминал и корупција во највисоките ешалони на власта“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на конгресот на Европската народна партија во Загреб, се сретна со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Од партијата соопштија дека тие на средбата разговарале за актуелните политички случувања во земјата, односите меѓу двете држави, но и европската перспектива на Македонија.

„Мицкоски истакна дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го ова предвид, тој посочи дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека Македонија се соочува со сериозни проблеми на полето на владеењето на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта, како и неказнивоста при случаите на висока корупција.

„Притоа тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем, кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е за продлабочена соработката базирана на рамноправни основи и заемно почитување“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Нови вести

Ѓорчев во САД на форум на Интернационалната демократска унија

Filip

Новиот Предлог-закон за легализација на дивоградби во вторник на владина сеедница

Filip

Јанушев: Обвинителството е во директна спрега со власта, личниот адвокатот на Заев му дава насоки на Јовевски

Igor