November 29, 2022 06:38
Македонија

Мицкоски: Нашиот план за справување со енергетската криза стои, владата да одговори дали го одбива заради бизнис зделки или договори во 4 очи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата во Општина Јегуновце истакна дека владата треба да одговори зошто го одбива понудениот план за справување со енергетската криза и дали можеби во игра се тендери, бизнис зделки или договори во 4 очи.

Мицкоски посочи дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ останува за да може да се обезбеди стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и за индустријата која што се снабдува преку ЕВN ХОМЕ, но исто и затоплување на објектите и домовите на оние кои што се корисници на централното греење во Скопје.

– Тоа до овој момент владата го одбива. Зошто одбива да заштеди 300 милиони евра, зошто одбива да има поголемо производство на електрична енергија домашно, зошто одбива да има поголем Бруто домашен производ, зошто одбива да нема зголемување на сметките за затоплување и за струја. Тоа треба да даде одговор владата, можеби е повторно некаков тендер во прашање, можеби се некакви бизнис зделки во прашање, можеби некои договор во 4 очи, одговорот на се ова треба да го даде владата, потенцира Мицкоски.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, стоиме на нашиот предлог, на позициите кои ги предложивме, на техничкото решение кое го предложивме, со таа напомена дека времето одминува, 15 октомври е блиску за со тоа што може да се очекува со температурите и порано ќе има потреба да се пушти затоплувањето во Скопје.

Мицкоски додаде дека за жал до овој момент како што гледаме се уште не е обезбеден ресурс со кој ќе работи Термоелектраната Топлана Скопје.