Македонија

Мицкоски: Многу ретко газам на трула штица, се плашам дека местењето на тендери има дури во вакви времиња, за жал ќе испадне дека сум во право

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во своето гостување во емисијата „Само интервју“ на прашањето дали мисли дека сега во ситуација на корона вирус  некој ќе се обиде да мести тендери за респиратори како што тоа Филипче и владата на СДСМ се обидоа да го направат го истакна следново:

„Јас дали верувам или не верувам времето ќе покаже, но се плашам да не бидам во право и тогаш ќе биде проблемот ако бидам во право. Верувајте многу ретко во животот газам на трула штица и во овој случај не би сакал да бидам во право, но за жал можеби ќе бидам во право.

Мицкоски во своето интервју порача дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција во овој случај сака најмногу да помогне, а тоа го покажа и со пратката која што денеска стаса како резултат на опозицијата.

„Ние најавивме на почетокот точно како политичка партија врз основа на сите информации кои дојдоа до нас, видовме дека во овој момент не треба да се разговара за кривични пријави туку да се грижиме за сето она кое што ни следува. Јас не би се согласил дека народот мисли дека добро се справува со кризата“, вели Мицкоски.

Мицкоски ја потсети јавноста на сите оние анкети на кои граѓаните работата на Филипче ја оценуваа со двојка и посочи дека никогаш не би го задржал како министер за здравство во својата Влада.