November 29, 2022 05:19
Македонија

Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои се спремни да работат за граѓаните

СДСМ, пратеничката група и претседателот Димитар Ковачевски подаваат рака за сите коишто се подготвени да ги надминат своите теснопартиски интереси, да работат за граѓаните и да дадат свој придонес во оваа насока. Премиерот Ковачевски, парламентарното мнозинсто и коалицијата којашто ја предводи се целосно посветени и работат на мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, за помош на стопанството, обезбедување на храна, енергенси, струја, парно, на се она што е потребно во пресрет на тешката зима, возвраќаат од владеачката СДСМ и доават:

-Најавената конструктивност од страна на Христијан Мицкоски ќе ја поздравиме и ние и граѓаните доколку навистина е искрена.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса во Собранието. Да се откажат од блокадите, деструкциите и кочењето и да ја покажат најавената конструктивност со конкретни чекори.

Тоа  е одговорно, тоа е државнички и тоа ќе биде во интерес на сите наши граѓани. Се друго е политиканство и во функција на дневната политика и ќе биде препознаено.

Исто така, очекуваме оваа најавена конструктивност да се преточи во поддршка на европскиот пат на државата и сите потребни чекори за успешно, брзо и ефикасно завршување на преговорите за полноправно члество во ЕУ.

Државата и сите наши граѓани имаат потреба од единство и заедничко делување, во однос на соочување со предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и за стратешките интереси на земјата.

Граѓаните очекуваат работа и резултати. За дуели, дебати и политички препукувања има време.