Македонија

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со  поразот на претседателските и локалните избори

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со фактот дека загубија и на претседателските и на предвремените локални избори. На кристално чисти, фер и демократски избори, граѓаните кажаа НЕ на концептот на Мицкоски кој води назад кон изолација и темното минато на криминал и неизвесност. Сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи позитивно го оценија изборниот процес и го пофалија професионалното и одговорно однесување на институциите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ги остават надлежните институции да ја вршат својата работа. Времето кога им наредуваа на судовите и обвинителствата како да постапуваат заврши со нивното заминување од власт. Наместо да бара алиби, одговорноста за поразот Мицкоски да ја бара кај себе и кај неговите деструктивни политики кои имаат единствена цел да го штитат криминалот на Груевски.

Државата тргна напред по вистински пат и враќање назад нема да има.

 

Нови вести

Во хируршкото одделение во Струга заболени девет здравствени работници од морбили

Daniela

ВМРО-ДПМНЕ: Само измамник и криминалец може да тврди дека Македонија блеска со најниски плати во регионот

Daniela

Во Рим заврши манифестацијата во чест на Св. Кирил

Daniela