September 26, 2022 01:25
Македонија

Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

 Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека и Христијан Мицкоски ја продолжува праксата на својот претходник, да се меша во работата на сите градоначалници.

Очигледно дека и Мицкоски има одредени интереси, па затоа и беше кавгата со Данела Арсовска, за пусти пари.

За пусти пари од тендер вреден 136 милиони евра народни пари, Мицкоски и Арсовска се испокараа пред целата јавност.

Наместо проекти, предлози и решенија, скопјани од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на институциите, неработење и кавги за пари.

Тоа, граѓаните на Скопје не го заслужуваат.