Македонија

Мицкоски: Идниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ зависи од условот „Бадентер”

ВМРО-ДПМНЕ како свој партнер за соработка ги гледа опозициски партии на Албанците и тука нема дилема, но во нашиот Устав има еден услов кој што важи, а тоа е Бадентер, од кој ќе зависи и реализацијата реформите што планираме да ги спроведеме, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање „со кого би соработувал од албанските партии ако оди на избори”.

– Затоа се обидов да направиме измени, како што се оние проценти во Уставот, да нема Бадентер, а луѓето да напредуваат согласно своите компетенции, знаења и вештини. Да може државата да ја водат оние кои што ги одбрал народот, рече Мицкоски.

Според него, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник во Собранието, токму поради „тој услов Бадентер” ќе мора да ја адаптира коалицијата.

– Затоа сум убеден дека опозициските, условно кажано, албански партии, на следните предвремени парламентарни избори ќе го поразат ДУИ. Мислам дека е време ДУИ да помине одреден период во опозиција, нагласи Мицкоски.

Тој истакна и дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува идејата за измена на Изборниот законик со воведување на една изборна единица, но дека таквите измени не зависат од партијата.

Мицкоски ги повика лидерите на помалите партии членки на владината коалиција да го исполнат ветувањето што го дале пред граѓаните дека ќе ја напуштат Владата, доколку не се прифати нивниот предлог за воведување една изборна единица.

– Еве помина април месец, а тоа беше крајниот рок. Денеска сме 14 мај, две недели потоа, а нив ги нема никаде, ни да гукнат, ни да бекнат. Мила им е власта, привилегиите им се мили, народот тоа го плаќа за жал, но не сфаќаат дека секоја работа има свој почеток и крај, рече Мицкоски.

Поврзани вести

ССМ бара итна средба со Владата, во ребалансот не гледаат пари за зголемување на платите од 2806 денари

Igor

Богоев: СДСМ покажа дека има план како да им помогне на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како да им одмогне

Igor

Петков го повика Радев да свика Совет за безбедност за преговорите со Македонија

Igor

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 22

Boruto: Naruto Next Generations Episode 239

GoGoAnime My Hero Academia Season 2 (Dub)

The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 19

GoGoAnime Dragon Ball Super (Dub) Episode 126