June 28, 2022 02:22
Македонија

Мицкоски за предлогот на Макрон: За нас нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот”,извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на Сала за венчавање – Парк на млади, каде беше дадена и изјава за медиумите.

На прашање за коментар околу предлогот на Макрон за формирање на нова унија која ќе биде супститут на ЕУ за кој Владата кажа дека е одлична идеја, Мицкоски одговори дека за ВМРО-ДПМНЕ нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ и каква  егзибиција како што е изјава на Владата не е решение.

Тој додаде дека вистинското решение според него е Брисел, ЕУ и политичарите таму да се обединат и да ѝ го испорачаат на Македонија тоа што ѝ е ветувано и конечно да добие датум за почеток на преговорите.

„Ценам дека тоа не е вистинско решение и дека тоа што ѝ е ветувано на Македонија треба конечно Брисел, ЕУ и политичарите таму да го испорачаат, односно конечно сега на овој јунски состанок на Европскиот совет да се обединат исто како што се обединија околу случувањата во Украина и руската агресија, да се обединат овој пат околу Македонија и бугарската агресија и конечно на Македонија да и се даде датум за да ги почне преговорите. Потоа нормално како ние понатаму и колку бргу ќе го одиме тој пат зависи од нас и од нашите компетенции, од нашите вештини и од нашата амбиција колку побргу да го изодиме тој пат. Така што за мене замена за членство во ЕУ не постои” истакна Мицкоски.

https://tai.go88.is/

https://sunwin.fan/