February 3, 2023 21:12
Македонија

Мицкоски за „Отворен ден во твојата општина“: Граѓаните ќе одлучуваат на кои проекти ќе бидат трошени парите на општините, работиме транспарентно и отчетно

Интегрален текст од изјава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Започнуваме со еден навистина можеби за прв пат поинаков пристап до креирањето на буџетот во општините, нешто што до сега во Македонија не е направено. А тоа е да дел од средствата кои што ќе се трошат бидат практично изворно добиено како предлог од страна на граѓаните, бидејќи таа мора да биде од програмата која што вие сте ја ветиле на изборите, сте излегле пред граѓаните, тие ја поддржале и дел од тие средства се резервирани за проектите кои што се дел од програмата но и граѓаните можат да предлагаат свои проекти и свои идеи кои што би биле дел од буџетот и кои што би се реализирале следната година нешто што до сега во Македонија, никој не го направил.

Тоа ќе биде овој викенд, денеска и утре, а ќе биде и следната недела бидејќи потоа мора општинските совети да ги усвојат буџетите и нормално да почнат со нивна реализација.

Транспарентно, отчетно, таков е пристапот на ВМРО-ДПМНЕ. Дарко кажа онаму каде што има општини со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ најпрво дадовме отчет пред граѓаните за тоа што се е сработено од минатогодишните локални избори до овој ноември, една година од мандатот во услови на тешка економска криза, во услови на голема опструкција од страна на централната власт, а сега веќе ги отвораме општините за да може граѓаните самите да дадат предлози кои што ќе ги реализираме во буџетот од следната година.
Тука во Бутел од програмата која што ќе биде реализирана и која што е дел од кампањата и која што беше дел од кампањата на локалните избори се околу 30тина улици, нивно асфалтирање и реконструкција, потоа тука е спортскиот комплекс во Љуботенски пат кој што исто така ќе биде изработен во тековната година, мислам на 2023 година. Потоа има неколку делници на канализацијата и водовод, расчистување на коритото на река Серава, потоа ќе се замени уличното осветлување што претставува огромен трошок за општината, ќе има повеќе пари за капитални инвестиции, работиме, иновираме и тоа е разликата на ВМРО-ДПМНЕ да работи и да испорачува пред граѓаните, за разликата од власта која што има поинакви приоритети од тоа кое што би требало да го има.

Така што да сумирам денеска сум во Бутел да дадам поддршка на Дарко, на администрацијата овде да продолжиме со истата динамика на реализирање на проекти, а граѓаните на следните предвремени парламентарни избори ќе знаат да ценат кој работи а кој не работи и краде.