February 25, 2021 18:07
Македонија

Мицкоски за вакцините од Србија: Владата е толку неспособна што дури и подарени вакцини не може да примени, немаат никаков план

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема.
Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати.Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини?, напиша Мицкоски.

Watch How Not to Summon a Demon Lord Episode 1 at website https://animeheaven.pro anime in heaven

The Rising of the Shield Hero Episode 25 at website https://gogoanime.be gogoanime softonic