December 5, 2022 22:10
Македонија

Мицкоски: Започнувам со посета на општинските комитети, ќе разговараме за секоја тема и ќе бидам меѓу членството и народот

Вечерва заедно со Бобан Стефковски и потпретседателот Владо Мисајловски бев во посета на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба. Од вечерва почнувам со акција на посета на општинските комитети кои се базата на партијата, точката од која почнува секоја победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе го чујам гласот на секој еден член и подготвен сум да разговарам на секоја тема, ќе бидам меѓу членството и народот, затоа што тој е нашата главна движечка сила. Нема затворање по канцеларии затоа што ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била народна партија.

Нашите противници дезертираат од војска, дезертираат од решавање на проблемите, единиците на АРМ ги прават партиски штабови, и немаат план за излез од кризата, освен тендери и криминална матрица.

Промените мора да се случат и заедно да се избориме до една голема заедничка победа и за иднина во нашата Македонија!