March 7, 2021 18:42
Македонија

Мицкоски: Заев со манипулациите на убиените кај Смилковско и по неколку пати им ги одзема животите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција зборуваше за случајот „Монструм“ каде истакна дека Зоран Заев додека беше во опозиција манипулираше со судбината на роднините на убиените кај Смилковско Езеро. Според Мицкоски со таа манипулација која ја направи Заев неколку пати им ги одземаше животите на тие млади луѓе.

-Тоа што денеска го слушнавме како пресуда во случајот „Монструм“ беше веќе потврдено и од првостепениот и од второстепениот суд, но она кое што Заев се обидуваше додека беше во опозиција да прави е да манипулира и по неколку пати за жал да ги одзема животите  на тие млади луѓе кои што монструозно беа ликвидирани од страна на сторителите  кои што денеска добија доживотен затвор. Си играше со судбината на нивните семејства, си играше со судбината на нивните родители, на нивните најблиски, но истовремено си играше со судбината на сите граѓани бидејќи газеше по линија на меѓуетнички конфликт. Овој човек немаше граница ниту пак има граница за да опстане на власт затоа што парите, моќта му се тоа што е најважно, а не љубовта кон татковината, честа, честитоста и борбата за подобар живот на македонските граѓани. Tој е единствениот кој што може да се поистовети со името на овој случај, се останато е заслужена казна. За жал животите на тие млади луѓе прерано згаснаа, а тој кој што неколку пати ги убиваше нив, а си играше со чувствата на нивните родители е вистински олицетворен во името на овој случај во судскиот лавиринт кој што денеска конечно заврши, а сторителите ја добија која што им следуваше од многу порано, рече претседателот Мицкоски.

Watch Noblesse (Dub) Episode 9 (https://funimationfree.com/m/Dlwp/ep-9) at website https://funimationfree.com. See more funimation now cost

Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 10 at website https://animeflix.nl. See more watch anime free