August 14, 2020 10:42
Македонија

Мицкоски: Заев се обидува да поткупува пратеници, можни и нови избори

Згрозен од како што вели, начинот на кој Зоран Заев и ова раководство на СДСМ ја разбира политиката, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини синоќа дека имало обид за купување пратеници.

Во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа, лидерот на партијата тврдеше дека им се приоѓало на претниците и им се нуделе шестцифрени суми, но и привилегии. Тоа го посведочиле и самите. Мицкоски е дециден дека иако во моментот се мерат политичките сили околу формирањето на новата влада, засега нема ништо конкретно.

„Згрозен сум од начинот на кој Заев и ова раководство на СДСМ ја разбира политиката. Тие мислат дека се се купува. Луѓето со кои имало ваков обидодбиле брутално. Но, за жал сега имаме таква ситуација кога ова раководство од СДСМ на овој начин ја подразбира политиката. Тие ова го правеа и претходно. Но, овие 44 пратеници веднаш одбиле такво нешто, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави и дека не ја исклучува можноста да има нови избори наесен ако не се формира нова Влада, но смета дека широка коалиција не би функционирала, а тоа го докажала техничката Влада.

Мицкоски рече и дека тврдењат аи акциите од Сашо Мијалков се во корист на СДСМ и дека тој тоа го прави за да биде на слобода.