April 11, 2021 11:48
Македонија

Мицкоски: Заев прави мафијашко византиство, ќе го поставиме следното прашање за доверба на Владата кога ќе имаме 65 пратеници

Заев не си купи мирно владеење, туку броени денови на Владата, која е на стаклени нозе.Следното прашање за доверба на Владата ќе го постави опозицијата, кога ќе имаме 65 пратеници, најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за Дојче Веле, коментирајќи за вчерашните случувања во парламентот, каде што кабинето на Зоран Заев повторно доби поддршка од 62 пратеници.

-Ќе ги изненадеше Заев сите, доколку го решеше проблемот со вакцини, направеше некаков проект или донесеше инвестиција. Но, човекот продолжи да го прави тоа што умее, мафијашко византиство. И тука морам да сум искрен – не сум ниту изнeнаден, ниту неспокоен. Тие византиски игри и сплеткарања многу бргу ќе му се вратат како бумеранг. Јас можам да кажам граѓаните да бидат спокојни. Прашањето за доверба наредно ќе го постави опозицијата, во моментот кога ќе осигура 65 пратеници кои ќе се потпишат. Тоа ќе биде денот каде сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода. Оваа влада ќе падне. Првиот сериозен знак за тоа го видовме денес. Заев сам беше принуден да го стави прашањето за доверба. Наредниот пат тоа ќе го направиме ние, тврди Мицкоски.

Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview at website https://animeplanet.cc. See more anime planet food wars

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) Episode 11 (https://aniwatch.pro/m/Ga8B/ep-11) at website https://aniwatch.pro anime