September 24, 2021 08:21
Македонија

Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ

Дигитализација на услугите на општините за ефикасност и ефективност, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ, преку проектот „Мојата целосно дигитализирана општина” вчеравечер го промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски од Прилеп.

Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Денеска се случува со месеци и со години да се чека документ, некако решение или некаква одлука. Со концептот на целосно дигитализирани во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој еден граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина”, истакна Мицкоски.

Тој кажа и дека со тој проект граѓаните нема повеќе да чекаат на волјата на власта. Нема да има повеќе заборавени или предмети кои се работат со месеци или години. Ќе се зголеми не само ефикасноста, туку и транспарентноста.

Website https://wcostream.cc: Watch Mr. Osomatsu (Dub) wcostream Episode 25 anime websites

Watch Oval x Over Episode Full

AnimeDao: Ane Log: Moyako Neesan no Tomaranai Monologue anime episode 3 online free at https://animedao.nl animedao kissanime tv

AnimeKisa Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Forum cs-cart: https://forum.cs-cart.com/user/152703-gogoanimebe/

Tetongravity: https://www.tetongravity.com/community/profile/animefreakws/