June 25, 2022 15:56
Македонија

Мицкоски да објасни што договарал со бугарските здруженија во државава, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец

Наместо од белиот дворец секојдневно да пласираат лаги и невистини, Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државава.

Основачите на клубот „Ванчо Михајлов”  имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Деновиве, во јавноста се појавија и фотографии каде Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети”.
Што била целта на овие среди и што договарал Мицкоски, тоа треба да каже тој самиот, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец.
Владата предводена од СДСМ по прашањето со Бугарија постапува сериозно и одговорно, заштитувајќи ги црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во Собранието.
Ниту за Гоце Делчев, ниту за јазикот, ниту за македонската посебност, нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет денеска е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните.

 

go88 cổng quốc tế GO88 - Thiên đường Game Bài Hoàng Gia lớn nhất Việt Nam cách ăn tiền go88

hack sunwin không vào được sunwin đánh sunwin