November 19, 2019 02:11
Македонија

Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вељановски, Милошоски и Димовски да поднесат оставки

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив не само што ништо не се менува, туку напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски, деструкција и антидржавно однесување.

Oставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Од друга страна, тоа не е случај со пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела. Напротив, тие го бранат криминалот, наместо морално однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.

Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични да си поднесат оставки од своите функции.

Во најмала рака за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат минимум кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.

Нови вести

Алексовски призна дека лобирал за судии под директива на ВМРО-ДПМНЕ

Filip

Камчев нуди дуќан во центарот на Скопје и фабрика во Делчево да му го вратат пасошот

Filip

Заев на средба со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Filip