January 30, 2023 02:18
Македонија

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

Со многу помпа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го најавија и спроведуваат проектот „Предложи идеја“ со кој општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе собираат идеи од граѓаните за тоа како да се трошат средствата од буџетите за следната година.

Иако не е ништо ново и ваква пракса но насловена како „Граѓански буџет“ спроведуваа одредени градоначалници и од другите политички партии, сепак ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ова го продаваат како револуционерна идеја.

Овој проект, многу потсетува на Денот на идеи што Никола Груевски како премер го организираше во Владата пред десеттина години, со цел како што тогаш велеа од Владата, да се слушнеле потребите на граѓаните.

Но сепак, многу лоши проекти на тогашната власт, а некои од нив и беа дел од проектот Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ тогаш ги бранеше дека биле на барање на граѓаните, односно дека биле предлагани од граѓаните на „Денот на идеите“.

Оттаму, се отвора сомнеж дека ваквите настани можат да бидат параван за некои лоши проекти, смислени од ВМРО-ДПМНЕ, а предложени од „обични“ граѓани, со цел во иднина да се избегне директна одговорност.

Сомнежите за таквото нешто, ги подгреваат и неодамнешните изјави и на Стевчо Јакимовски и на Данела Арсовска, дека Мицкоски вршел директни притисоци и се мешал во работата на градоначалниците, предлагајќи одредени проекти.

Очигледно дека ова е проверен начин на ВМРО-ДПМНЕ да се реализираат лоши и непопуларни проекти кои ќе се претстават како идеја на граѓаните.

Поврзани вести

Георгиевски: Го сменив Мијалков на барање на амбасадорот Хил, го фатиле како им продава оружје на Србите

blink

Недомаќинско работење на градоначалниците ВМРО-ДПМНЕ: И Гази Баба планира задолжување со 5 милиони евра

blink

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во клинч – меѓусебни обвинувања за тоа кој ќе гласа за уставни измени

blink