June 14, 2021 07:05
Македонија

Мицкоски: Го информирав Туск за корупцијата и гушењето на слободата во земјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телефонски разговор му се пожалил на поранешниот претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск за широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во Македонија.

-Остварив телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија г. Доналд Туск, кој воедно беше поранешен Претседател на Европскиот Совет и премиер на Полска. Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот. Договоривме со г.Туск понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Благодарност за поддршката!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Fruitful call with Hristijan Mickoski, leader of EPP Member Party VMRO-DPMNE. We discussed legitimate concerns of the…

Posted by Donald Tusk on Wednesday, May 12, 2021

AnimeTV animetv boruto: Watch Horimiya (Dub) Episode 2

KissAnime my hero academia kissanime: The Misfit of Demon King Academy (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/bGqR) Episode 13