December 6, 2022 21:49
Македонија

Мицкоски ги поддржа протестите за повисоки плати: Излезете, не им се плашете!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа говореше за најавениот генерален штрајк на СОНК и протестите кои денеска се одржаа.

Мицкоски рече дека апсолутно ги поддржува во нивните барања за зголемување на платите и дека во парламентот се обиделе да интервенираат во законот за вработените во образованието, но и за вработените кои се дел од јавната администрација.

-Ние го поддржавме сето тоа, го поддржуваме и ќе продолжиме да го поддржуваме затоа што цениме дека сите тие луѓе заслужуваат да живеат поквалитетно и да имаат повисок стандард и тука нема никаква дилема. За жал, немаше слух кај владиното мнозинство и законот, односно интервенцијата во законот беше одбиена од нивна страна и единствено нешто што им преостанува на тие луѓе е нормално, да го искористат своето право на протест и ние тоа го поддржуваме и ги охрабруваме да останат на тоа и за сѐ што цениме дека можеме да помогнеме во тој процес стоиме на располагање и за вработените во образованието, но и за вработените кои се дел од јавната и државна администрација, додаде Мицкоски.