March 27, 2019 02:23
Македонија

Мицкоски во Радовиш: Граѓаните се сведоци на голем број злоупотреби, уцени, насилства и лаги на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, по повод божикната средба се обрати пред голем број граѓани, членови и симпатизери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

Мицкоски пред присутните истакна дека СДСМ пред две години ветувал живот за сите граѓани на Република Македонија, но по две години од своите ветувања донел само црнила, односно, како што рече тој, самите граѓани се сведоци на голем број злоупотреби, уцени, насилства, лаги и измами од владата на СДСМ и Заев.

„Пред нешто повеќе од две години шетаа по плоштадите, улиците, одеа од куќа во куќа, од двор во двор, од стан во стан, од маало во маало и ветуваа дека живот ќе донеле. Не само што не донесоа живот, туку пекол владее секаде низ Република Македонија. Прашајте од младо до старо, од машко до женско, од баба до дедо, од внук, внука, маж, жена, секаде можете да слушнете сведоштва на злоупотреби, криминал, лаги и измами. Тоа што денеска се случува во Република Македонија, браќа и сестри, ни најмалку не личи на она што го ветуваа за време на предвремените парламентарни избори во 2016, а уште помалку за време на локалните избори во 2017 година“, рече Мицкоски.

Според него, единствената цел на Владата на СДСМ и Зоран Заев за овие две години била да го омаловажува македонскиот народ, како и распродажба на националните и државните интереси. Тој додаде дека и покрај обидите на скапо платените механизми да прикажат некој успех во актуелната Влада, граѓаните препознавале само предавство потенцирајќи дека предавството е единствен атрибут за спас нивните политички кариери.

Единствена цел овие речиси две години беше омаловажување, понижување и распродажба на македонските национални интереси. Освен материјалното, можете да го препознаете и предавството. Предавството е основен атрибут за спасот на нивните политички кариери, изјави Мицкоски.

Нови вести

ВМРО-ДПМНЕ демантира: Амандманите на Дескоска ѝ се пратени во 16.19 часот

Igor

(Фото) Менкиноски и ги доставил амандманите на Дескоска во 20.19 часот

Igor

Заев: Нови рекорди на странски инвестиции – 624,5 милиони евра

Igor