September 23, 2019 07:26
Македонија

Мицкоски: Во новото обвинителство нема место за Јанева и соработниците

Нема да поддржиме Катица Јанева и нејзините соработници да станат дел од новото обвинителство, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој одржа прес-конференција за „Рекет”. Мицкоски рече дека во новото обвинителство треба да има место и за нови кадри и докажани правници.

– Криминал од вакви размери не е можен без поддршка од Заев. Јанева не е во притвор и може да избега, да влијае на сведоците и како прв човек на СЈО да го повтори делото, вели Мицкоски и додава дека Катица е продолжена рака на главниот во октоподот.

Додава дека Меѓународниот сојуз е чедо на СДСМ и дека Заев прави се да се извади од криминалот.

– Јасно е зошто е предлогот на Заев за реформите за Обвинителството, зошто сака да го преслика криминалот за поголеми злоупотреби, вели Мицкоски и додава дека тоа нема да помине.

 

Нови вести

КОД ТЕЛМА: И судии и адвокати спомнати во исказите за рекетот, може да завршат на распит кај Русковска

Filip

Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

Filip

Република Северна Македонија се подготвува за полноправно членство во НАТО: Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО за преземање на обврските од полноправното членство

Filip