March 5, 2021 07:53
Македонија

Мицкоски: Власта во образованието создаде политичко мочуриште каде експериментираат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Неделен Брифинг“ каде што говореше и за образованието.

„Ние немаме веќе дуално образование, ние не знаеме дали за 10 години од денеска ќе имаме еден заварувач кој што знае како да заварува. И како ќе ги создадеме тие луѓе. Дали вие денеска сте слушнале за реформата во високото образование? Дали некој ја спомнал Шангајската листа? Дали некој спомнал за трудови со фактор на влијание, професори кои што добиле некој меѓународно признание за некој пронајдок, за нешто револуционерно? Апсолутно, се случува едно образовно мочуриште во кое што ние полека, полека тонеме, пропаѓаме“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека денес не се зборува за првите 1.000 на Шангајска листа, ниту за другите 2.000 на истата листа.

„Ние денеска не зборуваме за лаборатории, не зборуваме за наставни помагала, не зборуваме буквално за никакви реформи. Ова денеска што се обидуваат да ни го претстават како реформа во основното образование е политички потег. За да се ублажи процесот на преговори со нашиот источен сосед. Но, и тоа не е доволно излезе Каракачанов и им рече ако мислите дека вие предметот историја ќе го избришете од наставната програма и дека тоа ќе биде олеснување во процес на преговори, се лажете“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека образованието во Македонија со СДСМ секојдневно тоне.

 

Watch Fire Force Episode 18 (https://gogoanime.be/m/dAaJ/ep-18) at GoGoAnime gogoanime boruto

Watch SK8 the Infinity Episode 3 at Crunchyroll best free anime on crunchyroll