August 21, 2019 11:50
Македонија

Мицевски учествуваше на 2-та интерпарламентарена соработка и иницијатива за Западен Балкан

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од 13-14 мај во Берлин, учествуваше на 2-та интерпарламентарена соработка и иницијатива за Западен Балкан 2019-та година.  Во организација на „Конрад Аденауер“ фондацијата.

„Улогата на парламентарците во регионалната соработка“ беше темата на која дискутираа парламентарците од Западен Балкан со Европратениците и пратеници од Германскиот Бундестаг од групата за соработка со Македонија и земјите од Западен Балкан.

Никола Мицевски дискутираше на темата „Улогата на парламентите и парламентарците во ЕУ интеграциите и Берлинскиот процес“, каде што беа разменети мислења со Дорис Пак, претседателка на жените во Европската Народна Партија (EPP), Патрик Волер меѓународен секретар на Европската Народна партија и амбасадорот Кристијан Хелбах, директор за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА државите во федералното биро за надворешни работи.

Истакната е добрата соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Европската Народна Партија и поздравени се напорите за поддршката кон ЕУ интеграциите.

Нови вести

Награда на ЕК за промоција на пешачењето и возењето велосипеди

Daniela

Дескоска: Проблемот за Законот за ЈО не е Јанева, туку постапките на СЈО

Daniela

Велјановски: Започнавме со реконструкција и проширување на патот Хиподром-Илинден

Daniela