June 21, 2021 04:38
Спорт

Михајловиќ седнува на клупата на Јувентус, Зидан и Алегри ги одбиле „бјанконерите“

Деновите на Андреа Пирло во Јувентус се одбројани, а прашањето е само кога ќе се случи неговото разрешување. Италијанските медиуми ги споменуваат имињата на тројца тренери во првиот круг кандидати за негов наследник, а тоа се Синиша Михајловиќ, Симоне Инзаги и Џенаро Гатузо.

Како што пишува „Кориере дело Спорт“, а српските медиуми пренесуваат,  тренерот на Болоња, Михајловиќ е првиот кандидат за да ја преземе жешката клупа. Првиот контакт, наводно, е воспоставен и наскоро треба да следат официјални преговори. Инзаги моментално е тренер на Лацио, а Гатузо на Наполи.

Наводно, пред контактот со Михајловиќ, Јувентус контактирал и со Зинедин Зидан и Масимилијано Алегри. Зидан не сака да го напушти Реал, каде ја има поддршката од претседателот Флорентино Перез, додека Алегри би се согласил да се врати, но не под условите на кои инсистира Јувентус.

Зад Михајловиќ, кој ја започна својата тренерска кариера во 2006 година како асистент во Интер, има богато тренерско искуство. Тој ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг Лисабон и репрезентацијата на Србија.

AnimeFreak watch anime: SK8 the Infinity (https://animefreak.ws/m/OgxJ) Episode 12

GoGoAnime assassination classroom gogoanime: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 3