June 29, 2022 00:06
Македонија

Митрополит Андреј: Мајката Црква во Република Северна Македонија

Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на автокефалната Црква ѝ доделувала црковна јурисдикција врз новите области, кои се додавале на државните граници, како што се случи со Јонските Острови во 1866 година и со Тесалија во 1882 година кај нас.

Доколку се создаде и признае една нова држава во црковната јурисдикција на една автокефална Црква што Вселенската Патријаршија со Томос ја создала, признала и доделила -говорам за Северна Македонија- тогаш територијата на новата држава се враќа во канонската јурисдикција на Вселенската Патријаршија. На Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, ѝ се враќа духовната и канонската одговорност за уредување на црковните работи во новата независна држава. Тоа важи и во случај кога една држава која има Томос за автокефалија, од која било причина престане да постои. И во тој случај, географското владение на државата се враќа на Мајката Црква, која ги има доделено тие области и ја создала конкретната автокефалија за таа држава.

Издавањето на Томос за создавање на национални автокефални Цркви претставува црковна работа и дело, но не се завршува еднострано. Се доделува со согласното мнение или содејство на највисоката политичка власт на секоја национална држава.

Се подразбира дека, како што политичката власт на Србија не е овластена самоволно да интервенира во државните работи на Северна Македонија, од истата причина и Црквата на Србија нема канонски права, ниту црковна јурисдикција на територијата на таа меѓународно признаена нова држава, која е „најмалото дете” меѓу балканските држави.

„И настана идентитет и држава национална” (27.01.2019) – напишав по Договорот од Преспа.

Следствено, во рамките на својата канонска грижа и одговорност, Вселенската Патријаршија ја прифати „во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј” врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт… Како име на оваа Црква го признава „Охридска” (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија)”, и тоа затоа што Охридската Архиепископија во епохата на империите се имаше проширено и на териториите на денешните владенија на Бугарија, Србија и Грција.

Текст на Високопреосвештениот Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано – Професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, г. Андреј (Нанакис)

chơi go88 go88 rút tiền trong bao lâu Game Go88 và Link đăng nhập vào Go88 mới nhất khi bị chặn

nổ hũ sunwin Đăng Ký Sunwin Miễn Phí - Đỉnh Cao Sunwin 2022 sunwin energy