August 23, 2019 18:00
Македонија

Митрески: Во собраниска процедура влегува Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси

Ги отвораме вратите за избор на нов состав односно независна и професионална  Државната комисија за спречување на корупција.

Со предлог законот се прошируваат надлежностите на Комисијата со цел таа да стане тело кое суштински, а не само декларативно ќе застане на патот и ќе и се спротистави на корупцијата во државата.

Македонија, има потреба од таква силна независна институција.

Имајќи ја предвид важноста, но и итноста од нов состав на антикорупциската комисија, овој Закон пред пратенците ќе се најде по скратена постапка и со европско знаменце.

Очекувам, апелирам, ги повикувам сите пратеници да покажат дека се навистина против корупција и да го поддржат предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Крајно време е да запрат блокадите и деструкциите. Партиските интереси треба да се стават на страна. Независно, професионално и силно регулаторно тело кое ќе се бори против корупцијата е во интерес на целокупното општество.

Време е Македонија конечно да добие вистински силна и целосно независна Државна комисија за спречување на корупција

Така се гради држава по европски стандарди.

Нови вести

Советот на обвинители незадоволен од извештајот на Русковска за „Рекет“

Filip

Тутунски комбинат Прилеп очекува да ја заврши годината со добивка

Filip

Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за НАТО

Filip