Македонскиот ркометен чувар на мрежата, репрезентативецот Никола Митревски испрати емотивна порака до својот клупски колега од редовите на португалскиот Порто, Алфредо Кинтана кој се бори за својот живот, откако вчера доживеа срцев удар за време на тренингот. Кубанецот со португалски пасош Кинтана ја бие својата наважна битка во животот.
Состојбата на голманот на Порто е крајно сериозна, па многумина од ракоментниот свет испраѓаат пораки со надеж дека репрезентативецот на Португалија ќе ја добие оваа битка.
-Форца Кинтата. Направи уште една одбрана како секогаш, најважната одбрана во животот, -напиша Митревски кој заедно со Кинтана се првите чувари на голот на најдобриот португалски состав.