January 24, 2020 02:57
Ракомет Спорт

Митревски: Одбраната го добива натпреварот

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски ветува дека тој и неговите репрезентативни колеги ќе одговорат на дефанзивните задачи што е предуслов да се дојде до посакуваната победа над Австрија во 3. коло од Групата Б на Европското првенство.

– Натпреварите се добиваат со добра одбрана. Можеме да ги спуштиме нивните бекови на петнаесетина погодоци, а доколку ги затвориме страничните играчи и нивните пикери, можеме да ги победиме. Со евентуална победа со два-три разлика ќе го анулираме поразот од Чешка, истакна Митревски.

На македонската репрезентација за сигурен пласман и е потребна победа. Почетокот на натпреварот во „Штадхале” во Виена е во 18 часот и 15 минути.

Нови вести

Начевски и Николов ќе го судат финалето на Европското првенство!

Filip

Нурмагомедов бара 100.000.000 долари за реванш со Мекгрегор

Filip

(Видео) Ѓоковиќ во Мелбурн го претстави новиот спаринг-партнер

Filip