September 26, 2022 01:13
Спорт

Митревски е во Дебрецин, соиграчите го пречекаа со овации

Искусниот голман Никола Митревски ќе го видеме меѓу стативите на утрешниот клучен натпревар на Македонија против Црна Гора.

Во рамки од второто коло од Европското првенство во Унгарија и Словачка, нашата селекција нема право на нов пораз во групата А, а во пресрет на овој дуел, селекторот Кирил Лазаров доби одлична вест, поврзана за најдобриот македонски голман.

Поради позитивен резултат на последното тестирање пред заминувањето за Дебрецин, Митревски беше приморан да остане во изолација во Скопје, но битката со ковид-19 експресно ја совлада и откако ги доби два негативни теста им веднаш отпатува за Унгарија и вечерва ѝ се приклучи на соиграчите кои што го пречекаа со овации.

Во првото коло Македонија минимално загуби од Словенија, а на нашиот гол одличен настап имаше Мартин Томовски со четиринаесет одбрани.