Спорт

Митревски: Благодарност за публиката, сметам дека не се посрамотивме

Голманот Никола Митревски сумирајќи го настапот на македонската репрезентација на ЕП 2022, посочи дека покрај сите пехови што ги имаа пред почетокот и за време на шампионат, може да се извлечат и некои позитивни работи.

-Имавме повеќе пехови пред ова Европско првенство. Не бев само јас и мојот позитивен ковид-тест. Немавме неколку стартери поради повреди и корона, а тоа е сериозен удар за некоја поголема репрезентација со поголем фонд на играчи, не пак за нас кои сме ограничени во играчкиот фонд. Сметам дека не се посрамотивме, туку добивме искуство кај повеќе млади играчи и верувам дека тоа искуство ќе им треба и на нив и на нас и на целата Македонија за да го продолжиме континуитетот од единаесет големи натпреварувања во серија. Можеби не патуваме во следна фаза, но од утре веќе ќе мислиме на баражот и на натпреварите кои следат во март, рече Митревски.

Според него, отсуството на повеќето играчи си го направи своето.

-Имаме и некои играчи од домашната Суперлига кои не играат во клубовите и немаат минутажа. Сите сакаме да играат Мојсовски, Димовски, Лазаров, Миркуловски… уште едно десет до петнаесет години, но природен процес е подмладувањето. Дури и поголеми репрезентации од нас трпеле криза кога имале промена на генерации. Тоа е вистината, немаме доволно квалитетни играчи за да го заменат било кој. Ние зависиме од секој еден човек во тимот. Ден пред припремите имавме повреди, настинки, вирус… Неколкумина отпаднаа среде првенство, како Маџовски и Кузмановски кои се повредија, или Стоилов кој доби позитивен ковид-тест. Не смее никако да заборавиме дека на ова првенство бевме без најдобриот десен бек на сите времиња Кирил Лазаров, без едно од најдобрите леви крила Дејан Манасков. Сакам да искажам голема благодарност до публиката која дојде тука да ни даде поддршла и која не застана три натпревари со песната по шеесет минути. Она што се случи на крајот, по три порази е неверојатно. Никој нема ваква поддршка на светот. Покажавме барем дека сме во еден сегмент најдобри, изјави Митревски.

animes online. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

anime online Death Note

4Anime Hunter x Hunter (2011) (Dub)

4anime.biz Attack on Titan Season 3 (Dub)

watch anime dub Redo of Healer

4Anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 5

tải go88