August 8, 2022 18:29
Македонија

Митева: Работниците втор ден штрајкуваат, а СДСМ нема намера да им помогне

Почитувани,

СДСМ гласаше против линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари, што е и обврска на власта да го реализира.

Владејачкото мнозинство не ја почитува обврската која доаѓа по зголемување на минималната плата, а со цел постигнување на еднаквост. Не гласањето тие го оправдаа со навреди кон работниците.

Истите овие пратеници кога станува збор за потребите на власта гласаат за проширување на буџетот и за ставките за непродуктивни трошоци.

Само кога станува збор за народот и за намалување на ударот од кризата врз народот власта не презема ништо.

Истите овие пратеници гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и против намалувањето на ДДВ-то од 18% на 5%.

Колку се неразумни пратениците на СДСМ може да се види и од фактот дека сите влади во време на криза носат мерки кои му помагаат на народот само СДСМ го прави спротивното.

СДСМ не прифати покачување на платите на работниците, ниту намалување на акцизата и даноците на горивата затоа што не им е грижа за народот.

И двата предлога не ги поддржаа затоа што сакаат повеќе пари во најмегаломанскиот буџет до сега за да имаат повеќе за крадење. Работниците втор ден како штрајкуваат, а СДСМ нема намера да им помогне.

Народот, работниците, треба да знаат дека власта не сака да се откаже од дел од приходите во буџетот, за да даде поголеми плати или за да ги намали цените на горивата.

Ние од први јули ќе немаме поголема плата, и нема да купуваме поевтино гориво, а кризите се повеќе и повеќе ќе се продлабочуваат со оваа влада. Затоа велиме премногу е. Време е за промени.