June 16, 2021 15:14
Македонија

Митева: Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, првин треба Заев да се тргне од преговарачката маса, тој ги создаде сите проблеми

Вечерва портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева гостуваше во емисијата „Само Вистина” каде што посочи дека Македонија да добие датум за преговори со ЕУ потребно е Заев да си замине од политичката сцена, бидејќи тој ги создаде сите проблеми со кои што се соочува државата.

„Најпрвин сакам да истакнам дека искрено жалам што ВМРО-ДПМНЕ ги предвиде настаните кои што ќе се случуваат, односно потенцираше дека е можно да дојде до ваков проблем согласно нели договорот од Бугарија. Јас колку што се сеќавам ние во минатото бевме сведоци дека Владата на СДСМ четири датуми ги дефинираше како датуми за почеток на преговори со ЕУ. Дури и успеав да ги издвојам, тоа се јуни 2018-тата година, 25 март 2019-та година, 30-ти април 2019-та година, и на 24-ти март вели – „Во исклучителен тежок момент за нашата држава за Европа и за целиот свет денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест, Република Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ”, а денеска сме 12.05.2021 година и разговараме кои се проблемите и зошто Република Македонија не може да биде на патот кон ЕУ”, рече Митева.

Митева додаде дека СДСМ направи многу клучни грешки во самиот процес за добивање на датум за преговори со ЕУ.

„Самиот договор со Бугарија има голем проблем со тоа што нема Бугарија никакви гаранции дека нема да го кочи патот на Република Македонија кон ЕУ. Второ, формирана е Комисија која што треба да одлучува за заедничката историја и токму сега го гледаме проблемот, каде што македонскиот идентитет и јазик се ставени на маса. Важно е дека оној кој што го создаде проблемот односно господинот Зоран Заев сега вели дека тој проблем треба да се тргне од масата. Јас мислам дека тој што треба да се тргне од масата е токму тој кој што го создаде проблемот”, нагласи Митева.

Митева во текот на емисијата ја запраша Богданка Кузеска кој претседател говореше дека граѓаните во Струмица и од Петрич говорат ист јазик.

„Кој зборуваше дека јазикот кој што го зборуваат во Струмица и Петрич е ист. Мојот претседател Христијан Мицкоски или вашиот претседател”, Митева ја запраша Кузеска.

Митева додаде дека договорот со Бугарија е на штета на Македонија. Овој договор кој што го склучи Заев со Бугарија го загрозува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

AnimeDao anime sites: Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 70 (https://animedao.nl/m/W48K/ep-70)

AnimeTV anime tv darling in the franxx: Naruto (https://animetv.cc/m/Dv32) Episode 220