March 30, 2020 12:36
Македонија

Мисајловски: СДСМ сака да крати плати, а во исто време распишува оглас за вработување на административци

Во вечерашната „Клик Плус“ на ТВ21 телевизија, потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, во врска со кратењето на платите на администрацијата истакна дека нелогично е да збориме за кратење на плати кога еден куп нови авторски договори се потпишуваат од страна на 65 државни институции.

-Добиваме различни изјави деновиве пред неколку дена слушнавме дека буџетот е во одлична кондиција, подоцна слушнавме дека фалат дека 1.3 милијарда ерва, сега од Кочо Анѓушев слушнавме дека ќе фалат 2 милијарди евра. Со две недели криза немаме доволно пари во буџетот, а од друга страна слушаме дека сме најдобри во Европа на секој можен план, вели Мисајловски.

Тој вели збориме дека треба да ги скратиме платите во администрацијата, а денеска видовме дека еден куп нови договори, авторски договори со многу институции во Македонија се потпишуваат.

-65 институции потпишуваат нови договори за да се вработат нови луѓе, од каде потребата за тоа? Зошто се трошат 15 милиони денари во општина Гази Баба и 11 милиони денари во општина Ѓорче Петров, велиме дека мора да се скратат платите а денеска имаме многу нови договори? – праша Мисајловски.

Тој истакна дека има вработени во администрацијата кои земаат годишно над 30 илјади евра, а обичен вработен администртарција на годишно ниво зема 3-4 илјади евра и не можете да ги споредите, нема да можеме утре да ги мотивараме граѓани да трошат, треба да бидеме реални.

-ВМРО-ДПМНЕ дава одлични предлози и мерки коишто треба да се спроведат, и стои на располагање на владата, но граѓаните треба да ја знаат реалната слика затоа што се соочуваме со ситуација со недостаток на ракавици и опрема за медицинскиот кадар, истакна Мисалјовски.

Мисајловски вели дека сите средства коишто можат да помогнат треба се пренаменат од буџетот, има ставки коишто треба веднаш да се кратат.

-Имаме ставки во буџетот за репрезентации што не се кратат, имаме ставки за патувања коишто не се кратат, имаме еден куп ставки за институциите за коишто веднаш може да се направи ребаланс на влада и тие пари да се пренаменат за потребите на болниците и медицинскиот кадар кон бизнисот и економијата, посочи Мисајловски.

Тој вели СДСМ сака да удри кон граѓаните, но дали функционерите на владеачката партија ќе се откажат од нивните плати.

-Во Владата нема протокол, ниту план што ќе се прави доколку кризата продолжи 12, 18 месеци, нашите болници и институции не се толку спремни како европските затоа треба да се помогне на било каков начин, затоа што ова мора да го надминеме и Македонија да застане повторно на нозе.