December 9, 2022 14:41
Македонија

Мисајловски: Владата нема стратегија за кризите, за нив е битно само да продолжат тендер-коалициите

Не се работи пи ар-поени, не се работи за политика, туку се работи за предлози и мерки што ние како опозиција мора да ги дадеме на самите комори, ако од сите комори ова беше поздравено, еве ќе имаме и останати состаноци. Денес јас видов многу заклучоци кои самите комори ги доставуваа до Владата, ништо не е прифатено, ништо, а од друга страна утре ќе стигнат сметките, секоја компанија ќе ја добие сметката и сега дали државата се грижи за македонската економија, изјави Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Дополнително Мисајловски изрази загрижување од состојбата која ќе следи и според него целиот проблем е во тоа што оваа Влада е научена на коленичење, молење и задолжување. Како што тој објасни проблемот е во тоа што Владата нема никаква стратегија за помош и справување со кризата, единствено нешто за кое што имаат стратегија е дефокусот на јавноста и црната кампања.

Они се свесни дека ќе изгубат, еве вчера и завчера пристигнаа најновите анкети што ние ги имаме како партија и може да се види дека разликата е многу голема, предноста на ВМРО-ДПМНЕ е два спрема еден дури три спрема еден. Они се свесни дека никако не можат да го победат ВМРО-ДПМНЕ и пробуваат да му наштетуваат, тоа е сеа нивната цел. Црната кампања кај нив секогаш постои, црната кампања и прогонот, сите личности во ВМРО-ДПМНЕ да се оцрнат, да се направи злочин кон нив, да се омаловажат итн.. Таргет е ВМРО-ДПМНЕ, таргет е Христијан Мицкоски бидејќи има најголем рејтинг во Република Македонија и сите знаат дека нов премиер ќе биде Христијан Мицкоски, сега они што прават? Прават посебна стратегија како да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ поради повеќе причини но главната причина е бидејќи они ги гледаат рејтинзите и сакаат на секој по секоја цена да направат да падне рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, а многу важно за нив е исто така како да продолжат овие тендер-коалиции паралелно, односно да си ги тераат сите бизниси, некој друг да биде крив, но најважната слика што секој може да ја примети и тоа што нема доволно застапеност со позитивни вести во самите медиуми , во самото општество, посочи тој.

Мисајловски ги спореди градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните успеси и дека истите тие успеси јавноста ги гледа со Владата за која според него нема една позитивна вест односно дека во најголем дел вестите во медиумите за Владата се негативни и поради тоа Мисајловски смета дека Владата ги измислува тие фракции и продуцираат лажни вести за да се оттргне вниманието на јавноста.