August 15, 2020 01:35
Хроника

Мирен протест во сеќавање на Пино и за сите исчезнати и убиени

Утре, 10 декември навршува една година од исчезнувањето на Пино Секондо.

Неговата мајка Маја Трпковска најави дека по тој повод во 17 часот ќе организира мирен протест во сеќавање на убиениот син.

-Денот кога моето синче исчезна. Денот кога моето дете го убија. Денот кога Ангела Георгиевска и Али Фуркан се ставија на местото на Господ и му го одзедоа животот на моето дете. Во име на моето дете и во име на сите синови и ќерки кои се исчезнати, убиени и починати во Република Македонија, ве молам да дојдете на овој мирен протест. Дојдете за сите деца. Тоа што му се случи на моето дете, може да му се случи на секое друго дете и уште една мајка, татко, брат, сестра да страдаат како мене… Ви благодарам на поддршката, пишува во повикот на Маја Трпковска на Фејсбук.

 

Utre Vtornik 10 Dekemvri vo 17.00 casot ke napravime miren protest, Mars, za sekavanje na denot koga moeto since…

Posted by Maja Trpkovska on Понеделник, 09 декември 2019