September 26, 2022 01:00
Спорт

Миовски си постигна автогол, Грузија води на полувреме во Тбилиси!

Македонската фудбалска репрезентација по првите 45 минути на гостувањето во Тбилиси против Грузија има негатива од еден гол (1:0). Во преиод на доминација на македонската репрезентација домашната селекција на Грузија првата шанса со помош на Бојан Миоски кој си постигна автогол, ја претвори во водство.

Акцијата ја поведе Квача Кварацхелија, по десната страна, влезе во казнениот простор, нафрли ниска топка во петерецот, која само удри во Бојан Миовски и заврши во мрежата.