June 13, 2021 19:11
Македонија

МИОА: Продолжуваме да ја дигитализираме работата на државната администрација за граѓаните и деловните субјекти

До крајот на 2021 година ќе овозможиме најмалку 30 отсто од органите на државната управа да имаат воведено електронски систем за автоматизација на административни постапки, а до крајот на 2024 година системот да биде воведен во сите органи на државната управа, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Од МИОА потсетуваат дека на последната владина седница се усвои Информацијата за состојбата на дигиталната трансформација во контекст на електронски услуги, клучни институции, пречки и следни чекори за дигитализација.

До сега преземени чекори за дигитална трансформација се Платформата за интероперабилност, Централниот регистер на население, Националниот портал за е-услуги, Платформата за електронско управување на услуги (eSDP), Информацискиот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, Системот за електронско управување со документите – ДМС и подобрување на ИТ инфраструктурата.

Од МИОА велат дека бројот на услугите на Националниот портал за е-услуги во моментот е 137, а во тек се разговори со Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и Управата за водење на матичните книги и наскоро, како што велат, ќе го зголемат бројот на е-услуги на порталот, вклучувајќи услуги на овие институции.

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. The Irresponsible Captain Tylor (Dub) Episode 26

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Sarusuberi: Miss Hokusai (Dub) Episode Full

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Clione no Akari Episode 12

KissAnime Profile: https://profile.ameba.jp/ameba/kissanimemx/