December 3, 2020 02:46
Македонија

Министрката Шахпаска се сретна со претставници на Ресурсниот центар на лицата со посебни потреби: Унапредување на правата на лицата со попреченост и нивна поуспешна  социјална инклузија е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Ресурсниот центар на родители на деца со попреченост на која се разговараше за досегашната работа на здружението и можностите и потребите за унапредување на правата на лицата со попреченост во сите сегменти на нивниот живот. Од страна на претставниците на  Ресурниот центар на родители на деца со попреченост беше истанато дека целта на самото основање на центарот  е обезбедување на поддршка, помош, пристап до информации и  обезбедување на остварување на правата на лицата со попреченост и нивните семејства. Министерката Шахпаска го истакна значењето на подигнување на јавната свест во општеството и одговорност за  доследно почитување на правата на лицата со попреченост, со цел нивно целосно  вклучување во општеството и обезбедување на еднакно општество за сите.

Како дел од  активностите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална работа, а се во насока на обезбедување на  социјални услуги во заедницата за децата и лицата со попреченост ,министерката го посочи отварањето на  новиот Дневен центар за лица со попречености кој е  во склоп на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје и подготовката на нов дневен центар за деца/лица со аутизам во општина Карпош, Скопје. Исто така, посочи дека до крајот на 2020 година ќе се донесе одлука за целосна трансформација на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје во модерен центар кој ќе обезбедува услуги во заедницата за децата/лицата со попреченост и неговата нова функција и прилагодување ќе се изврши со вклучување на родителите на децата со попреченост, во делот на утврдување на нивните потреби, но и  преку совети за видот и типот на сервиси кои ќе бидат отворени. Двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и понатаму со цел обебедување и заштита на правата на лицата со попреченост во нашата држава.