June 26, 2022 23:24
Свет

Министрите за надворешни работи на Финска и Турција вечерва на средба во Берлин

Министрите за надворешни работи на Финска и Турција ќе се сретнат вечерва во Берлин за да се обидат да ги решат несогласувањата околу планот на Финска и Шведска да влезат во НАТО, изјави шефот на финската дипломатија Пека Хавесто. „ Сигурен сум дека ќе најдеме решение“, изјави тој за новинарите по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин. Тој додаде дека вчера разговарал со неговиот „добар колега“, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе „Ројтерс“.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави претходно денеска дека Турција не ги затворила вратите за влез на Шведска и Финска во НАТО, но дека сака преговори со тие нордиски земји и сузбивање на, како што смета, терористичките активности, особено во Стокхолм.

Турскиот претседател ги изненади членките на НАТО и двете нордиски земји кои бараат прием во Северноатлантската алијанса, велејќи во петокот дека не е можно Турција да го поддржи проширувањето на алијансата бидејќи Финска и Шведска се „земји домаќини на многу терористички организации“.

Go88 - Tải Go88 Thiên đường Game Bài Đổi Thưởng lớn nhất go88 android auto tài xỉu go88

sunwin games