October 19, 2021 04:35
Економија

Министерство за финансии: Во целост исплатена Еврообврзницата од 500 милиони евра

Министерството за финансии информира дека Република Северна Македонија денеска во целост ја исплатила Еврообврзницата издадена во 2014 година и со тоа се раздолжила за 500 милиони евра, што придонесе долгот, (државниот и јавниот) само по овој основ да се намали за 4,358 п.п.. Од Министерството за финансии велат дека ја докажуваат својата цврста заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање во рамки на Мастришкиот критериум, односно ниво под 60 отсто.

-Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за Еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Ова е исклучително важно за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите програми што  се предвидени во време на криза,  рече министерот за финансии Фатмир Бесими на пленарната седница во Собранието каде се одвива расправа по предлог ребалансот на буџетот за 2021 година.

Еврообврзницата 3, на износ од 500 милиони евра  беше издадена во јули 2014 година со рок на доспевање од седум години и со каматна стапка од 3,975 проценти. Средствата за доспеаната еврообврзница се обезбедија преку новоиздадената (осма) Еврообврзница во март годинава со рочност од седум години и историски најниска каматна стапка од 1,625 проценти.

Каматната стапка по која беше издадена осмата Еврообврзница ( 2021)  е за 2,35 процентни поени пониска од каматната стапка кај третата Еврообврзница од 2014. Интерес за запишување на осмата Еврообврзница покажаа 130 инвеститори.

Износот на осмата Еврообврзница од март 2021 изнесуваше 700 милиони евра, а средствата покрај за исплаќање на третата Еврообврзница се користат и за потребите за справување со ефектите од ковид-кризата, односно за поддршка на здравствениот сектор, како и за антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

Земјава досега има излезено на меѓународниот пазар на капитал со осум еврообврзници и тоа: во 2005 година, во 2009, во 2014, во 2015, во 2016, во 2018, во 2020 година и 2021 година. Во целост се исплатени Еврообврзицата еден, два, три и четири. За отплата во 2023 година доспева Еврообврзницата 5, во 2025 година Еврообврзницата 6, во 2026  година Еврообврзницата 7 и во 2028 година Еврообврзницата 8.

МФ информира дека Буџетот е ликвиден. Има одлична реализација на приходите што беше еден од основите на ребалансот, а расходите се реализираат редовно и навремено во рамки на предвидувањата и очекувањата.  Приходите од почетокот на годината  имаат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година се предвидуваат за 4,7 отсто повисоки приходи во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://kissanime.mx: Watch Koihime†Musou kissanime Episode 12 kissanimenz

Website https://twistmoe.net: Watch Nobunagun (Dub) twistmoe Episode 13 anime online

AnimeKisa Watch english anime Online in HD for FREE

Mastodon: https://mastodon.top/@animefreakws

Longisland: https://www.longisland.com/profile/animeflixnl