Македонија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови, и реагенси за Ковид-19

Министерството за здравство ги осудува како што велат од таму, лагите кои ги пласира партијата ВМРО-ДПМНЕ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните. Од оваа институција реагираат на соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека во државата има проблем со вакцини и набавка на реагенси.

„Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4-5000 тестови за Ковид-19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа. Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема“, стои во писмената реакција од министерството за здравство.

Според оваа институција, ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија одлучила да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии.

„За ВМРО ДПМНЕ небитни се луѓето кои се вакцинираат против Ковид-19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО ДПМНЕ сака политички да профитира“, реагира министерствотo за здравство.

GoGoAnime gogoanime god of highschool: Watch My Hero Academia 2 Episode 14 (https://gogoanime.be/m/4DjN/ep-14)

WCOStream anime sites: The Seven Deadly Sins Episode 24